Следи ја постапката што е опишана во текстот за да изработиш блог на серверот blogger.com.
Стартувај го твојот веб - прелистувач (Internet Explorer, Mozilla Firefox, Google Chrome,...)
Во лентата за адреси внеси ја адресата blogger.com. Ќе се отвори страница како на сликава:
Секој кој сака да има блог на blogger.com потребно е да има е-маил адреса на gmail. Кликаме на Create your blog и се најавуваме со нашата адреса и лозинка:
Откако ќе ги внесиме корисничкото име и лозинката, на следната страна во делот Display name ќе треба да внесите име со кое вие ќе се претставувате на блогот, може да биде вашето лично име или некоја скратеница, и потоа кликате на Continue to Blogger.
Потоа избираме New Blog:
И овде го пишуваме насловот на блогот и пишуваме како сакаме да биде адресата на блогот.
Што и да напишете во адресата пред .blogspot.com, треба да се одобри од blogger, односно ако е во ред ќе ви напише This blog address is available, или ако некој ја има напишано таа адреса предходно, тогаш нема да ви биде дозволено и ќе треба да напишете нова адреса на блогот, се додека не ви се одобри. На блогот што го користиме за информатика, адресата е informatikasedmobm.blogspot.com. Значи адресата што јас сум ја избрала е informatikasedmobm, а потоа автоматски се додава blogspot.com. Така и вашата адреса ќе биде таа што вие сте ја избрале и до неа .blogspot.com
Откако го креиравме блогот со неговото име и адреса, ни се појавува следниот прозорец:
Откако ќе кликнеме на насловот, ја имаме следната форма:
Во оваа форма можеме да го уредуваме нашиот блог:
- може да го менуваме нашиот темплејт во делот Template
- исто така може да го менуваме изгледот на нашиот блог во Layout итн.
Со избор на алатката
, добиваме можност за креирање на нов пост. Добиваме прозорец во форма на Word документ и го уредуваме нашиот текст.
![](https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEgHHVd2634uv3hu3yxxM_1HquPREQ_IAt9rrLSWMCmQCInTTrYqMp0-UfgA_qsk6Sgu-kPYva2h1EEyenbVV8H-fs8TZT1BKKVaUAwXtWaFqgi1RwcJmnplJYzTn5RcvN1w_EqpKNawSps/s1600/Untitled.png)
Може да додадеме слика, линк, видео, специјални знаци,...да набројуваме текст, да менуваме фонт итн.
Откако ќе завршиме со уредување на нашиот пост, кликаме на Save, па Publish, со што ќе се појави нашиот пост најгоре на блогот и ќе стане јавен и достапен за сите.
Со Preview или View blog, гледаме како изгледа блогот пред да го објавиме.
При секое повторно уредување на веќе напишаниот текст, кликаме само на Update, и се запишуваат промените што сме ги направиле.
Со избор на New post, се додава нова статија на блогот и така може да додаваме колку што сакаме.
Задача:
Креирајте свој блог, изберете име на блогот, адреса и додадете барем два постови на било која тема сакате (спорт, музика, мода, наука, занимливости, уметност, ...)
Адресата на вашиот блог ќе ми ја напишете на Вибер порака, за да можам да видам каков блог имате креирано.