Saturday, February 15, 2020

Внесување на податоци преку тастатура

Пример1: Направи програма за собирање на два броја кои ќе се внесат преку тастатура!

Наредбата a=input() овозможува веднаш по активирањето на програмата да се внесе број кој ќе се чува во варијаблата а. Сега не мора да се менува програмата ако сакаме да пресметуваме збир на различни броеви.
Кога програмата ќе наиде на наредбата input(), чека се додека не се внесе вредност од тастатурата и не притиснете на тастерот Enter.
 Затоа е добро да се објасни каков број се очекува да се внесе. Односно, пред наредбата input(), стои наредбата print, со која се најавува кој број треба да се внесе. Дали точно ќе се соберат броевите? Притиснете F5, па проверите!



Ако ги внесиме броевите 12 и 22, ќе добиеме дека нивниот збир е 1222, што секако не е точно. Всушност, програмата само ги лепи броевите еден до друг и ги прифаќа како текст, а не како броеви. Затоа треба од зборовите да направиме броеви, односно тоа го прави наредбата int. Наједноставно е да запишеме:

zbir=int(a)+int(b)

Запишете ја сега програмата вметнувајќи ја int пред a и b и проверете го резултатот!


print('Vnesi go prviot sobirok:')
a=input()
print('Vnesi go vtoriot sobirok:')
b=input()
zbir=int(a)+int(b)
print('Zbirot e ', zbir)


Програмата може да се запише и вака:

a=input('Vnesi go prviot sobirok:')
b=input('Vnesi go vtoriot sobirok:')
zbir=int(a)+int(b)
print('Zbirot e ', zbir)

Еве уште еден пример за собирање, прикажан преку следново видео:






Да запомниме: Наредба за внесување на податоци е input(). Најчесто ја употребуваме во облик x=input('poraka'), каде x е место во меморијата каде се чува податокот, а poraka е описот на податокот кој го внесуваме. Наредбата за внесување на податоци се прифаќа како внесување на текст, па затоа кога внесуваме броеви треба да ставиме x=int(x).

Правила за именување на варијабли:

1. Имињата на варијаблите можат да се состојат од букви, броеви и долна црта.
2. Python разликува големи и мали букви. Значи zbir, Zbir и ZBIR се три различни варијабли.
3. Примери на недопуштени имиња за варијабли: 
      а) а$, x.7 - недопуштени знакови
      б) 7as, 90a - почнуваат со број
      в) if, else, print, input - клучни зборови кои веќе имаат намена во Python.


Задача1: 
Да се креира програма со која ќе се пресмета периметарот и плоштината на квадрат, чија страна a ја внесуваме.

Решение:
a=input('Vnesi ja stranata na kvadratot:')
p=int(a)*int(a)
l=4*int(a)
print('L=',l)

print('P=',p)

Задача2:
Промени ја програмата од задача1, со тоа што ќе се пресмета плоштина и периметар на правоаголник со страни a и b.

Решение:
a=input('Vnesi ja stranata a:')
b=input('Vnesi ja stranata b:')
p=int(a)*int(b)
l=2*int(a)+2*int(b)
print('L=',l)

print('P=',p)

Задача3:
Да се креира програма со која ќе се пресмета просек на температурата на воздухот во текот на една недела.

Задача4:
Да се креира програма со која ќе се внесе вредноста на денари, а да се добие како излез нивната вредност во евра. (1 евро = 62 ден)

Задача5:
Да се креира програма со која внесената вредност во долари ќе се претвори во денари. (1 долар= 50 ден)

No comments:

Post a Comment

Креирање и уредување на блог

Постојат многу сервери што нудат услуги за изработка на блог. Еден од нив е blogger.com на кој ќе објасниме како се креира блог. Следи ја ...