Еден спортист на почетокот на тренингот се загрева така што трча по рабовите на правоаголен терен со должина d и ширина s. Напиши програм со кој ќе се пресмета колку метри ќе претрча спортистот, ако еднаш го заобиколи теренот.
Влез
Во првата линија се внесува целобријна вредност d, а во следната линија целобројна вредност s (0<d<=100, 0<s<=100) кои претставуваат должина и ширина на теренот изразени во метри.
Излез
Еден цел број кој претставува број на метри кои ќе ги претрчи спортистот додека еднаш го заобиколи теренот.
Пример
Влез
50
25
Излез
150
Задача2 - Листови хартија
На масата се наоѓаат повеќе листови со правоаголна форма и различни димензии. Програмата треба врз основа на внесените вредности за висина и ширина на листот во милиметри, да ја одреди површината на листот изразена во квадратни милиметри.
Влез
Во една линија на стандардниот влез се наоѓаат две целобројни вредности (V и S) (0<v<=300, 0<s<=300) кои претставуваат ширина и висина на листот хартија.
Излез
Еден цел број кој претставува површина на листот во квадратни милиметри.
Пример
Влез
279 216
Излез
60264
Задача3 - N-ти ден од тренингот
Ватерполистот Марко учествува на припреми за натпревар во траење од n дена. Првиот ден од припремите Марко препливува a метри, а секој следен ден за d метри повеќе од предходниот ден. Напиши програма со која се уредува колку метри ќе преплива Марко на последниот ден од припремите.
Влез
Внесите три природни броја, секој во посебна линија на стандарден влез. Броевите со ред претставуваат број на денови колку што траат припремите n (n<=20), колку метри Марко препливува на првиот ден од припремите а (а<=3000), колку метри препливува Марко повеќе во однос на предходниот ден d (d<=1000).
Излез
Да се прикаже колку метри препливал Марко на последниот ден од припремите.
Пример
Влез
10
500
100
Излез
1400
No comments:
Post a Comment