Во прозорецот Python Shell научивте да испишувате текст и да извршувате основни аритметички операции. Меѓутоа наредбите неможевте да ги зачувате и повторно да ги употребите. Во Python, можеме да ги подредиме наредбите во облик на програма.
Програмата ја пишуваме во уредувач на текст, кој ќе го отвориме ако кликнеме на File, па New Window. После тоа се отвара нов прозорец, во кој го пишуваме програмот.
Отварање на текст уредувачот Текст уредувач
Вежба1:
Напишете програм за собирање на два броја a=80 и b=30.
Решение:
Алгоритам
Првите наредби (a=80 и b=30) се наредби за придружување. Ако во варијаблата а, сакаме да ставиме вредност 80, едноставно пишуваме а=80. Знакот = е овде знак со кој и придружуваме вредност 80 на варијаблата а.
Сега, откако ја напишавме програмата, треба да ја зачуваме. Од менито File, одбираме Save, и доделуваме име на програмата. Потоа од менито Run, одбираме Run module или едноставно притискаме на тастерот F5.
Вежба1:
Напишете програм за собирање на два броја a=80 и b=30.
Решение:
Алгоритам
Блок дијаграм
Програма
Сега, откако ја напишавме програмата, треба да ја зачуваме. Од менито File, одбираме Save, и доделуваме име на програмата. Потоа од менито Run, одбираме Run module или едноставно притискаме на тастерот F5.
Ако сакаме сега да собереме некои други два броја, мора да се вратиме во текст уредувачот да ги промениме вредностите кои се придружени на варијаблите а и b. Тоа најлесно ќе го направиме ако од менито File, едноставно избереме Recent Files.
Задача 1:
Направите промена на вредностите на варијаблите, односно нека а=180 и b=100. Незаборавајте дека програмата пред да ја извршите, треба да ја зачувате (File>Save), па потоа Run>Run Modul или тастерот F5.
Задача 2:
Креирај програма со која ќе се пресмета производот и количникот на броевите a=12 и b=3. Резултатот да се испише во облик 12 * 3 = 36 и 12 : 3 = 4.
No comments:
Post a Comment