Monday, March 30, 2020

Структура за избор


Структурите за избор во Python ќе ги повториме преку следново Видео. Ние,  наставниците изработивме различни видеа за различни содржини кои ќе ви помогнат во совладување на наставниот материјал. Ќе го погледнете видеото, ќе ги направите вежбите кои се прикажани во него и ќе ги изработите задачите кои се зададени за дома. Решенијата ќе ги сликате и ќе ми ги испратите до петок (03.04.2020) како и досега што правевте со вашите домашни задачи. Видеото може во секое време да го паузирате за да видете нешто повторно или да вратите наназад. Ако нешто не ви е јасно, слободно ќе ме контактирате. Сега кликнете на линкот:

Структура за избор

Monday, March 23, 2020

Задачи за вежбање во Python

Задача1 - Тренинг

Еден спортист на почетокот на тренингот се загрева така што трча по рабовите на правоаголен терен со должина d и ширина s. Напиши програм со кој ќе се пресмета колку метри ќе претрча спортистот, ако еднаш го заобиколи теренот. 

Влез

s и d ги внесувате и тие претставуваат должина и ширина на теренот изразени во метри.

Излез

Патот што го поминува спортистот трчајќи е всушност периметар на правоаголникот. Треба да го пресметате периметарот на правоаголникот со страни s и d.

Пример

Влез
s=50
d=25

Излез
L=150

Задача2 - Листови хартија

На масата се наоѓаат повеќе листови со правоаголна форма и различни димензии. Програмата треба врз основа на внесените вредности за висина и ширина на листот во милиметри, да ја одреди површината на листот изразена во квадратни милиметри.

Влез
Треба да ги внесете s и v, кои претставуваат ширина и висина на листот хартија.

Излез
Површина на листот.

Пример

Влез
s=279 
v=216

Излез
P=60264

Задача3 - N-ти ден од тренингот

Ватерполистот Марко учествува на припреми за натпревар во траење од n дена. Првиот ден од припремите Марко препливува a метри, а секој следен ден за d метри повеќе од предходниот ден. Напиши програма со која се уредува колку метри ќе преплива Марко на последниот ден од припремите.

Влез

Внесeте три природни броја. Броевите со ред претставуваат број на денови колку што траат припремите n, колку метри Марко препливува на првиот ден од припремите а , колку метри  препливува Марко повеќе во однос на предходниот ден d.

Излез

Да се прикаже колку метри препливал Марко на последниот ден од припремите.
L=a+(n-1)*d

Пример

Влез

n=10
a=500
d=100

Излез

L=1400

Решение на вежбата од минатиот час

Провери го твоето решение со даденото, спореди и поправи ако имаш грешка:



Тестирај ја програмата за различни вредности на брзината и времето. На пример:

Тест пример1:


Тест пример2:



Sunday, March 8, 2020

Константи и променливи во Python


Променлива (варијабла) е име за вредност запамтена во меморијата на компјутерот, која може да се менува.

Имињата на променливите во Python може да се формираат од мали и големи букви, знакот "_", но првиот знак на името мора да биде буква или знакот "_". Неформалната конвенција е да имињата на променливите користат мали букви. 

Константа е име за вредност запамтена во меморијата на компјутерот, која најчесто не се менува. Python нема посебни ознаки за константи, туку тие се креираат како променливи чија вредност нема програмот доброволно да ја менува, што најчесто го прикажуваме со големи букви. На пример:

PI=3.14159
E=2.71828
BRZINA_NA_SVETLINA=299792458
GOOGOL=10**100

Пример1: Креирај програма со која ќе се пресмета периметар и плоштина на круг, ако е познат радиусот на кругот.

При внесување на радиусот, се користат вгнездени функции:
float(input('Vnesi go radiusot na krugot:'))


Со input се чита внесениот текст и враќа вредност string. Функцијата float врши конверзија на оваа вредност во нумерички тип на податоци, неопходно за да се пресмета изразот подолу.

Вежба: Запиши го предходниот пример, така што ќе се користи константата PI, наместо 3.14.


Пример2: Креирај програма со која ќе се пресмета времето на патување, ако е познато растојанието на движење и брзината на движење.



Вежба: Креирај програма со која ќе се пресмета растојанието, ако се познати брзината и времето на движење.

Креирање и уредување на блог

Постојат многу сервери што нудат услуги за изработка на блог. Еден од нив е blogger.com на кој ќе објасниме како се креира блог. Следи ја ...