Еден спортист на почетокот на тренингот се загрева така што трча по рабовите на правоаголен терен со должина d и ширина s. Напиши програм со кој ќе се пресмета колку метри ќе претрча спортистот, ако еднаш го заобиколи теренот.
Влез
s и d ги внесувате и тие претставуваат должина и ширина на теренот изразени во метри.
Излез
Патот што го поминува спортистот трчајќи е всушност периметар на правоаголникот. Треба да го пресметате периметарот на правоаголникот со страни s и d.
Пример
Влез
s=50
d=25
Излез
L=150
Задача2 - Листови хартија
На масата се наоѓаат повеќе листови со правоаголна форма и различни димензии. Програмата треба врз основа на внесените вредности за висина и ширина на листот во милиметри, да ја одреди површината на листот изразена во квадратни милиметри.
Влез
Треба да ги внесете s и v, кои претставуваат ширина и висина на листот хартија.
Излез
Површина на листот.
Пример
Влез
s=279
v=216
Излез
P=60264
Задача3 - N-ти ден од тренингот
Ватерполистот Марко учествува на припреми за натпревар во траење од n дена. Првиот ден од припремите Марко препливува a метри, а секој следен ден за d метри повеќе од предходниот ден. Напиши програма со која се уредува колку метри ќе преплива Марко на последниот ден од припремите.
Влез
Внесeте три природни броја. Броевите со ред претставуваат број на денови колку што траат припремите n, колку метри Марко препливува на првиот ден од припремите а , колку метри препливува Марко повеќе во однос на предходниот ден d.
Излез
Да се прикаже колку метри препливал Марко на последниот ден од припремите.
L=a+(n-1)*d
Пример
Влез
n=10
a=500
d=100
Излез
L=1400
No comments:
Post a Comment