Saturday, February 29, 2020

Аритметички изрази во Python - Задачи за вежбање

Задача1 - Тренинг

Еден спортист на почетокот на тренингот се загрева така што трча по рабовите на правоаголен терен со должина d и ширина s. Напиши програм со кој ќе се пресмета колку метри ќе претрча спортистот, ако еднаш го заобиколи теренот. 

Влез

Во првата линија се внесува целобријна вредност d, а во следната линија целобројна вредност s (0<d<=100, 0<s<=100) кои претставуваат должина и ширина на теренот изразени во метри.

Излез

Еден цел број кој претставува број на метри кои ќе ги претрчи спортистот додека еднаш го заобиколи теренот.

Пример

Влез
50
25

Излез
150

Задача2 - Листови хартија


На масата се наоѓаат повеќе листови со правоаголна форма и различни димензии. Програмата треба врз основа на внесените вредности за висина и ширина на листот во милиметри, да ја одреди површината на листот изразена во квадратни милиметри.

Влез
Во една линија на стандардниот влез се наоѓаат две целобројни вредности (V и S) (0<v<=300, 0<s<=300) кои претставуваат ширина и висина на листот хартија.

Излез
Еден цел број кој претставува површина на листот во квадратни милиметри.

Пример

Влез
279 216

Излез
60264

Задача3 - N-ти ден од тренингот

Ватерполистот Марко учествува на припреми за натпревар во траење од n дена. Првиот ден од припремите Марко препливува a метри, а секој следен ден за d метри повеќе од предходниот ден. Напиши програма со која се уредува колку метри ќе преплива Марко на последниот ден од припремите.

Влез

Внесите три природни броја, секој во посебна линија на стандарден влез. Броевите со ред претставуваат број на денови колку што траат припремите n (n<=20), колку метри Марко препливува на првиот ден од припремите а (а<=3000), колку метри  препливува Марко повеќе во однос на предходниот ден d (d<=1000).

Излез

Да се прикаже колку метри препливал Марко на последниот ден од припремите.

Пример

Влез

10
500
100

Излез

1400








Saturday, February 15, 2020

Внесување на податоци преку тастатура

Пример1: Направи програма за собирање на два броја кои ќе се внесат преку тастатура!

Наредбата a=input() овозможува веднаш по активирањето на програмата да се внесе број кој ќе се чува во варијаблата а. Сега не мора да се менува програмата ако сакаме да пресметуваме збир на различни броеви.
Кога програмата ќе наиде на наредбата input(), чека се додека не се внесе вредност од тастатурата и не притиснете на тастерот Enter.
 Затоа е добро да се објасни каков број се очекува да се внесе. Односно, пред наредбата input(), стои наредбата print, со која се најавува кој број треба да се внесе. Дали точно ќе се соберат броевите? Притиснете F5, па проверите!



Ако ги внесиме броевите 12 и 22, ќе добиеме дека нивниот збир е 1222, што секако не е точно. Всушност, програмата само ги лепи броевите еден до друг и ги прифаќа како текст, а не како броеви. Затоа треба од зборовите да направиме броеви, односно тоа го прави наредбата int. Наједноставно е да запишеме:

zbir=int(a)+int(b)

Запишете ја сега програмата вметнувајќи ја int пред a и b и проверете го резултатот!


print('Vnesi go prviot sobirok:')
a=input()
print('Vnesi go vtoriot sobirok:')
b=input()
zbir=int(a)+int(b)
print('Zbirot e ', zbir)


Програмата може да се запише и вака:

a=input('Vnesi go prviot sobirok:')
b=input('Vnesi go vtoriot sobirok:')
zbir=int(a)+int(b)
print('Zbirot e ', zbir)

Еве уште еден пример за собирање, прикажан преку следново видео:






Да запомниме: Наредба за внесување на податоци е input(). Најчесто ја употребуваме во облик x=input('poraka'), каде x е место во меморијата каде се чува податокот, а poraka е описот на податокот кој го внесуваме. Наредбата за внесување на податоци се прифаќа како внесување на текст, па затоа кога внесуваме броеви треба да ставиме x=int(x).

Правила за именување на варијабли:

1. Имињата на варијаблите можат да се состојат од букви, броеви и долна црта.
2. Python разликува големи и мали букви. Значи zbir, Zbir и ZBIR се три различни варијабли.
3. Примери на недопуштени имиња за варијабли: 
      а) а$, x.7 - недопуштени знакови
      б) 7as, 90a - почнуваат со број
      в) if, else, print, input - клучни зборови кои веќе имаат намена во Python.


Задача1: 
Да се креира програма со која ќе се пресмета периметарот и плоштината на квадрат, чија страна a ја внесуваме.

Решение:
a=input('Vnesi ja stranata na kvadratot:')
p=int(a)*int(a)
l=4*int(a)
print('L=',l)

print('P=',p)

Задача2:
Промени ја програмата од задача1, со тоа што ќе се пресмета плоштина и периметар на правоаголник со страни a и b.

Решение:
a=input('Vnesi ja stranata a:')
b=input('Vnesi ja stranata b:')
p=int(a)*int(b)
l=2*int(a)+2*int(b)
print('L=',l)

print('P=',p)

Задача3:
Да се креира програма со која ќе се пресмета просек на температурата на воздухот во текот на една недела.

Задача4:
Да се креира програма со која ќе се внесе вредноста на денари, а да се добие како излез нивната вредност во евра. (1 евро = 62 ден)

Задача5:
Да се креира програма со која внесената вредност во долари ќе се претвори во денари. (1 долар= 50 ден)

Креирање и уредување на блог

Постојат многу сервери што нудат услуги за изработка на блог. Еден од нив е blogger.com на кој ќе објасниме како се креира блог. Следи ја ...