Wednesday, September 17, 2025

Штетни компјутерски програми

Штетни компјутерски програми се софтвер создаден да предизвика штета на компјутерот или да украде информации.



Видови штетни програми:

Вируси: Се прилепуваат на други програми и се шират кога програмата ќе се активира. Како вистински вирус што се прилепува на клетка.

Пример за вирус:: Еден од постарите, но познати вируси е Stuxnet. Едноставно да се каже дека вирусите често ги прават датотеките (фајловите) неупотребливи.


Црви (Worms): Се шират сами преку мрежа, без човечка интеракција. Како вистински црв што ползи сам.

Пример за црв: Conficker беше еден од најраспространетите црви кои брзо се ширеа преку мрежи.

Тројанци (Trojan Horses): Изгледаат како корисна програма (на пр., игра, апликација), но внатре кријат штетен код. Како тројанскиот коњ од приказната.

Пример за тројанец: Често се кријат во лажни верзии на популарни игри или програми. На пример, некој може да ви понуди "бесплатна" верзија на Minecraft или Fortnite која всушност е тројанец.



Како се инфицира компјутерот?

Начини на ширење:

  1. Отворање сомнителни е-пошта и прилози: Е-пошта од непознати испраќачи со чудни наслови или прилози. Пример: „Освоивте милион долари! Кликнете овде!“ или е-пошта од банка која не е ваша.
  2. Симнување програми од непроверени извори: Нелегални или пиратски софтвери, сомнителни веб-страници.
  3. Користење заразени USB-уреди: Внесување УСБ-стик од непознат компјутер.
  4. Посети на малициозни веб-страници: Сајтови кои автоматски инсталираат штетен софтвер.
Последици: Бришење податоци, спор компјутер, кражба на лозинки, прикажување реклами.


Како да се заштитиме?

Инсталирај антивирусна програма: Антивирусниот софтвер е како лекар за компјутерот, тој ги скенира и ги отстранува штетните програми.

Познати антивирусни програми:
  • Avast Free Antivirus: Популарна бесплатна опција.
  • AVG Antivirus Free: Уште една бесплатна и добро позната програма.
  • Kaspersky Standard/Plus: Една од најмоќните платени опции.
  • ESET NOD32 Antivirus: Исто така многу ефикасен платен антивирус.
  • Windows Defender: Вграден во Windows оперативниот систем, нуди основна заштита.





Редовно ажурирајте го софтверот: Оперативниот систем (Windows, macOS) и програмите треба да се ажурираат за да имаат најнови заштити од нови закани.


Бидете внимателни со е-пошта и линкови: Не отворајте сомнителни е-пошта и не кликајте на непознати линкови.


Симнувајте софтвер само од доверливи извори: Апликации од официјални продавници (Google Play Store, Apple App Store, Microsoft Store), познати веб-страници на производители.


Користете силни лозинки: Комбинација од големи/мали букви, бројки и симболи. На пример: Moja_Lozinka#2025! е многу подобра од 123456.


Правете резервни копии (backup) на важни податоци: Многу е важно да имаме копија од нашите слики, документи и видеа на надворешен диск или во cloud (на пр., Google Drive, OneDrive), во случај компјутерот да се зарази и податоците да се изгубат.


Запомнете: Секогаш бидете внимателни и размислувајте пред да кликнете или симнете нешто!


Активност за дома: Разговарајте со родителите за антивирусната програма што ја користите дома или истражете некоја позната антивирусна програма.

No comments:

Post a Comment

Табеларни пресметувања (Microsoft Office Excel)

Програмите за табеларни пресметувања, како што е Microsoft Excel, се моќни дигитални алатки чија главна улога е да организираат, анализираат...