🖥️ Учиме креативно со Excel
Дали некогаш сте помислиле дека Excel, програмата која вообичаено ја користиме за бројки и пресметки, може да се претвори во алатка за забавно и интерактивно учење по другите предмети? Денес ќе го направиме токму тоа!
Ученикот креира мапирана слика за учење користејќи слика како подлога во табелата.
⏱️ Да почнеме со работа!
Чекор 1: Истражување и преземање слика 🔍
Идеи за слика: Градба на срце, делови на матична плоча, земјите во Европа, планетите во Сончевиот систем, воден циклус и сл. Активност: Отворете веб-прелистувач и побарајте слика со соодветна големина (најдобро е сликата да биде јасна и да има доволно простор помеѓу деталите). Зачувајте ја сликата на вашиот компјутер (на пример, на Desktop или во фолдерот Downloads или во вашиот фолдер).
Чекор 2: Поставување на сликата како подлога во Excel 🖼️
Отворете нов празен документ во MS Excel. Одете во главното мени на јазичето Распоред на страница (Page Layout). Кликнете на алатката Подлога (Background). Пронајдете ја сликата што ја зачувавте во Чекор 1 и кликнете Вметни (Insert).
Чекор 3: „Мапирање“ – Додавање интерактивни коментари 💬
Кликнете на клетката која се наоѓа точно над некој важен дел од сликата (на пр., над срцевата комора или над планетата Марс). Кликнете со десното копче на глувчето врз таа клетка. Одберете Вметни коментар / Нова белешка (Insert Comment / New Note). Во жолтото прозорче што ќе се појави, напишете го објаснувањето за тој дел (пр. "Марс е четвртата планета од Сонцето, позната и како Црвената планета"). Кликнете било каде надвор од клетката.
Чекор 4: Тестирање, зачувување и споделување 💾
Поминете со глувчето преку сите мапирани клетки за да проверите дали коментарите работат правилно. Зачувајте го документот: File > Save As, и именувајте го (пр. MapiranaSlika.xlsx). Покажете ја вашата интерактивна слика на ученикот до вас!
No comments:
Post a Comment